И Дебарско Езеро порибено со подмладок од јагула
Во рамките на традиционалната акција поддржана од АД ЕЛЕМ, Дебарско Езеро беше порибено со помладок на јагула. Во водите на езерото беа пуштени 30 килограми, односно околу две илјади единки подмладок на јагула, со тежина од 25 грама.
Подмладокот, кој е набавен од мрестилиште во Грција, пред да биде пуштен во водите на езерото, престојувал во карантин во струшкото мрестилиште „Шум“ каде биле извршени неопходните здравствени анализи и бактериолошки испитувања.
– Ова го правиме со цел да се помогне да не дојде до угинување на јагулата, а рибниот фонд во Дебарско Езеро да биде урамнотежен, рече Љупчо Ангелоски, директор на ХЕЦ „Шпилје“.
Дебарското Езеро нема концесионер, па за грижата да не дојде до угинување на овој вид риба благодарност до АД ЕЛЕМ упати Лири Делиши, републички инспектор по рибарство и началник на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство во Дебар.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch