„Power Gen Europe 2011“
АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ се првиот македонски излагач што се претстaвува на најголемиот светски саем за енергетика „Пауер Џен“, што од 7-9 јуни годинава, се одржува во Милано, Италија. На 19-то издание на саемот, пред потенцијалните партнери и инвеститори стручен тим на ЕЛЕМ ќе ги претстави потенцијалите и енергетските можности на Република Македонија. Ќе бидат презентирани и постојните енергетски проекти меѓу кои и хидроелектраната „Бошков мост“, акумулацијата „Луково поле“ и ветропаркот „Богданци“. На саемот го претставуваме целокупното портфолио од енергетски проекти на „Електрани на Македонија“, а во рамките на конференцискиот дел, ќе биде презентирана заедничката студија на д-р Влатко Чингоски, Игор Николов и Илија Андонов Ченто за изградба на седум пумпно-реверзибилни електрани во Македонија. -Имаме голема чест и задоволство, АД ЕЛЕМ годинава за првпат да учествува на Пауер Џен во Милано, тоа е еден од најпознатите светски саеми на енергетика односно место на кое се собираат сите релевантни, односно значајни производители на енергија, како и компании коишто произведуваат опрема и ресурси од областа на енергетиката.
-Досега, како компанија сме учествувале на оваа манифестација, но во својство на посетители, а овојпат имаме свој штанд на кој ќе се претставивме како компанија која што се занимава со производство на електрична енергија. Исто така, ги претставуваме и нашите проекти што во моментов ги реализираме, како и нашите идни проекти- рече д-р Влатко Чингоски, генерален директор на АД ЕЛЕМ.
АД ЕЛЕМ, како што рече д-р Чингоски, сака да биде присутен онаму каде што се најголемите играчи од областа на енергетиката. Саемот во Милано каде има преку 800 излагачи од кои дел се компании за производство на електрична енергија како РВЕ, ЕНЕЛ, ЕОН и други, како и компании за производство на опрема за нашите постројки какви што се Алстом, Сименс, Хјундаи и Јокогава но тука се и компании за производство на ветерници и соларни панели.
На саемот се присутни речиси сите компании, препознатливи брендови од областа на енергетиката меѓу кои и рускиот енергетски гигант Газпром како и Силовије машини, компанија која работи на модернизацијата на РЕК „Битола“.
– Во Милано сме присутни за да покажеме дека сме во оваа индустрија и дека работиме напорно, да ги промовираме нашите проекти и идните насоки и правци на развој на компанијата со цел да ги привлечеме потенцијалните партнери и инвеститори да дојдат во Македонија и да соработуваат со нас – изјави д-р Чингоски, притоа нагласувајќи дека на тој начин АД ЕЛЕМ има намера да покаже дека кај нас има простор за развој на енергетиката не само од локален, туку и од регионален аспект.
Доказ за тоа,прецизира генералниот директор на АД ЕЛЕМ, се големиот број остварени средби на штандот на ЕЛЕМ и презентирањето на студијата за пумпно-реверзибилни електрани во Македонија на конференцијата за обновливи извори на енергија во рамките на саемот.
– Пумпно-реверзибилните електрани имаат голема перспектива и многу компании се заинтересирани за нив бидејќи претставуваат еден од можните начини за балансирање и подобрување на стабилноста на системите, особено со појавата на стохастичните (непредвидливи) извори на енергија како ветерните електрани, малите ХЕ и соларните електрани, истакна Чингоски.
Тој рече дека студијата покажува оти во Македонија постои можност во догледен период на дури седум локации да се изградат пумпно-реверзибилни електрани и оти тоа е насоката во која треба ЕЛЕМ да продолжи да работи.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch