АД ЕЛЕМ покровител на обуката за млади лидери
Првата школа за млади лидери овозможи квалитетна едукација од областа на лидерството. Покровител на обуката беше претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и многубројни општествено-одговорни компании меѓу кои и АД „Електрани на Македонија“. Школата понуди одлична подготовка на идните млади лидери, знаење и вештини со стандарди што ги бара успешното лидерство.
Целта на Школата за лидери е да ги стимулира позитивните вредности кај младите лидери, идните економски, политички и културни предводници од земјата и регионот. Обуката им овозможи на младите лидери практични знаења, многу поважни од која било теорија. Се надеваме дека Обуката ќе прерасне во традиција бидејќи Македонија има лидери.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch