Започнуваат подготвителните активности за инсталација на нова опрема во Блок 3 на РЕК Битола
Од утре во РЕК Битола започнуваат подготвителните активности пред почетокот на планираниот редовен ремонт на Блок 3, со цел обезбедување оптимални услови за инсталација на нова опрема.
Станува збор за технички сложен проект кој бара детална претходна подготовка на блокот, заради непречено и ефикасно извршување на самата монтажа за време на ремонтниот период.
Инсталацијата на новата опрема ќе се одвива во рамки на ремонтот и се очекува да трае околу 60 дена. Овој зафат претставува значаен чекор за зголемување на ефикасноста и сигурноста на производниот капацитет во пресрет на претстојната зимска сезона.
За таа цел во текот на вчерашниот ден објавивме повик за набавка на електрична енергија. Денес беше спроведена постапката за јавна набавка и беше направен избор по исклучително поволни цени со што ќе се направат дополнителни заштеди во компанијата, а воедно и ќе се заштити домашниот хидропотенцијал.
Во тековниот период електраната ќе продолжи со редовна испорака на електрична енергија од веќе ремонтираниот Блок 2, како и од Блок 1 кој до крајот на месецот ќе излезе од т.н. капитален ремонт.
АД ЕСМ ги следи состојбите и ќе продолжи да ги испорачува номинираните количини електрична енергија кон Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch