Информација
Поради технички проблеми кај АД МЕПСО, вториот блок на ТЕ Битола остана без напон. Во моментов се изведуваат операции за вклучување на ТЕ Битола 3 кој се очекува да биде на синхронизиран во електроенергетската мрежа во вечерните часови.
На електроенергетската мрежа се активни хидроелектраните на АД ЕСМ, ТЕ Осломеј, КОГЕЛ и Ветерниот парк Богданци. Поради нискиот конзум и поволните хидролошки услови, нема потреба од набавка на електрична енергија.
За максимално искористување на водните ресурси, АД ЕСМ применува специфични режими на работа кај најважните хидропотенцијали. Хидрокапацитетите по течението на Црн Дрим, вклучувајќи ги ХЕ Глобочица и ХЕ Шпилје, веќе подолго време произведуваат електрична енергија 24 часа дневно (базен режим).
ХЕ Тиквеш на Црна Река, со цел одржување на безбедното ниво на акумулацијата, работи со зголемен интензитет во поголемиот дел од денот. Во сите акумулации кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија има доволно простор за прифаќање на нови количини вода.
Со оваа оптимизација се обезбедуваат номинираните количини енергија за Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, како и дополнителен амортизационен простор за нови врнежи и претсотјните пролетни дотоци.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch