Информација

 Поради скината цевка во сегмент од котел, ТЕ Битола 3 е исклучен од електроенергетската мрежа попладнево во 18:00 часот.

Претходно, се започна со подготвителни активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на утрешниот ден.

Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе продолжи и во претстојниот период.