АД ЕСМ ги продолжи стипендиите на студенти од ФЕИТ и Машински факултет

АД ЕСМ продолжува со поддршка на младите и нивниот професионален развој.

Како дел од повеќегодишната практика за вложување во идни кадри, компанијата ги продолжи стипендиите за пет студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Машинскиот факултет при УКИМ во Скопје, кои ги исполнија условите согласно договорите.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме талентираните студенти, кои по завршувањето на образованието ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците и да придонесат за развој на енергетскиот сектор во Македонија“, истакна помошник директорот за производство, Дејан Давитков.

   Стипендиите изнесуваат 80.000 денари годишно и се доделуваат за една академска година, согласно утврдените критериуми