Корпоративно управување

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРУШТВОТО
Организациските делови на Друштвото се: Дирекцијата и седум подружници кои немаат својство на правно лице. Дирекцијата е со седиште во Скопје, а подружниците се: РЕК „Битола“ – Новаци со седиште во Новаци, РЕК „Осломеј“ – Осломеј со седиште во Осломеј, ХЕС „Маврово“ – Гостивар со седиште во Гостивар, ХЕС „Црн Дрим“ – Струга со седиште во Струга, ХЕС „Треска“ – Скопје со седиште во Скопје, ХЕЦ „Тиквеш“ – Кавадарци со седиште во Кавадарци, „Енергетика“ – Скопје со седиште во Скопје и ТЕЦ „Неготино“ со седиште во Неготино . Со секоја Подружница раководи директор односно директори, кои ги назначува Управниот одбор, а чии надлежности се утврдени во Статутот и Правилникот за внатрешна организација на Друштвото. Со Правилникот за внатрешна организација поконкретно е уредена внатрешната организација на Друштвото по сектори, служби, одделенија со работни места и опис на работните задачи за секое работно место.
ОСНОВНА ГЛАВНИНА
Основната главнина на Друштвото изнесува 31.738.878.000 денари или 517.818.006 еур според среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија. Основната главнина на Друштвото е поделена на 31.738.878 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари.
ВРАБОТЕНИ И КВАЛИФИКАЦИСКА СТРУКТУРА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Во АД ЕСМ – Скопје, заклучно 2025 година, има 4.278 вработени на неопределено време и 584 работници преку Агенцијата за привремени вработувања. Бројот на работниците е распределен во Дирекцијата и во подружниците: Подружница ХЕС Маврово Гостивар-284 вработени, Подружница ХЕС Црн Дрим Струга-195 вработени, Подружница ХЕЦ Тиквеш Кавадарци-88 вработени, Подружница ХЕС Треска Скопје-110 вработени, Подружница РЕК Битола Новаци-2.187 вработени, Подружница РЕК Осломеј Осломеј-783 вработени, Подружница Енергетика Скопје-155 вработени, Подружница ТЕЦ Неготино- Неготино- 201 вработени и Дирекција-Скопје-273 вработени.

Според степенот на стручна подготовка најголем број вработени 2.042 или 48% се со IV степен средно училиште.

Според возраста најголемиот процент на вработени односно 33,4% се на возраст од 46-55 години; 27,8% се на возраст од 36-45 години; 26,3% се на возраст од 56-64 години; 11,3% се на возраст од 26-35 години и 1,1% од вработените се на возраст до 25 години.

Според половата структура во АД ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, во државна сопственост, Скопје најголемиот број или 3.651 вработени односно 85,34% се мажи и 628 или 14,68% се жени.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch