РЕК Битола на чекор до А – Дозвола за усогласување со оперативен план

РЕК Битола на чекор до А – Дозвола за усогласување со оперативен план

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ја известува јавноста дека Нацрт А – Дозволата за усогласување со оперативен план е објавена на официјалната веб – страна на Министерството за животна средина и просторно планирање http://www.moepp.gov.mk/?page_id=16091 .Информации во врска со Нацрт А – Дозволата за усогласување со оперативен план, заинтересираната јавност може да добие во Министерството за животна средина и просторно планирање (e-mail B.Tateshi@moepp.gov.mk).

Засегнатата јавност, во рок од 14 дена од денот на објавата, има право да достави мислења и коментари во писмена форма до Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад на Пресвета Богородица 3, 1000 Скопје.Објавата на Нацрт А – Дозволата за усогласување со оперативен план е плод на динамични и содржајни преговори помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и РЕК Битола. Оперативниот план содржи редица на мерки и активности кои РЕК Битола се обврзува да ги исполни во даден временски период, со цел производството на електрична енергија да биде во согласност со еколошките стандарди на Европската Унија. Документот ја потврдува заложбата на АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола, а со тоа и Владата на Република Северна Македонија како сопственик на компанијата, за системски и систематски чекори во борбата за чиста животна средина.

Инаку, апликацијата за добивање на А – Интегрирана еколошка довола, РЕК Битола ја испрати до Министерството за животна средина и просторно планирање во ноември 2007 година.