АД ЕЛЕМ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ НА СТОПАНСКАTA КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
АД „Електрани на Македонија“ е добитник на Наградата на Стопанската комора на Македонија во категоријата компании што успешно работат од основањето на Комората до денес.
Со свеченост во скопскиот хотел „Александар Палас“, со присуство на над 1.200 видни гости, Стопанската комора на Македонија го прослави големиот јубилеј – девет децении од нејзиното постоење. На свечениот чин, покрај членките на најголемата бизнис-заедница во земјава, присуствуваа претставници на државните органи, институции, дипломатскиот кор, претставници на меѓународни институции, здруженија и партнери, гости, пријатели и поддржувачи на Стопанската комора на Македонија и на коморското работење од земјата и од странство.
Во одбележувањето на овој значаен јубилеј за земјава, учествуваа и Алесандро Берберис, претседател на Асоцијацијата на европските комори (Eurochambres), како и замениците-претседатели на Владата на Република Македонија, м-р Владимир Пешевски и м-р Зоран Ставрески.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch