Соопштение за јавност

Во врска со објавениот Јавен Повик бр.01-20/2012 за набавка на електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи, во јавна и транспарентна процедура  АД ЕЛЕМ донесе одлука за набавка на потребните количини на електрична енергија за периодот од 16  до 29 февруари, 2012 година.

Набавката ќе се изврши од четири избрани компании , a вкупната количина која  континуирано се набавува за 24 часа  е со моќност од 40 MW ( електрична  енергија од 6.720 MWh),  и  150 MW моќност( дополнителна, само дневна електрична енергија  од 31.500 MWh), по просечна цена од 155, 75 евра/MWh за целиот период.

За периодот од 1  до 15 март,  одлука за набавка или поништување на постапката во овој дел дополнително ќе се донесе, во рамките на периодот на важност на доставените понуди.

Со оглед на тоа што просечната цена за набавка е пониска од производствената цена на ТЕЦ Неготино,  овој Капацитет  од аспект на доверливост на македонскиот електроенергетски систем,  и натаму останува на располагање  како “ладна резерва“.