ОБНОВЕНО СОПСТВЕНОТО НАПОЈУВАЊЕ ВО ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ

АД ЕСМ набави и монтира нови стационарни акумулаторски батерии за хидроцентралите „Тиквеш“ – Кавадарци, „Маврово“ – Гостивар и „Црн Дрим“ – Струга.

Стационарните акумулаторски батерии се еден од клучните елементи за напојување со електрична енергија за сопствени потреби на секоја електроцентрала, а досегашните батерии беа постари од 15 години.

Дополнително, во ХЕЦ „Тиквеш“ е набавен и преносен исправувач (полнач) за стационарни аку-батерии, кој по потреба може да се користи и во трафостаницата во Ветерниот парк „Богданци“.