КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ШТИП

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ШТИП

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Електротехничкиот Факултет – Штип при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, се распишува КОНКУРС за доделување 3 стипендии за студентите на Електротехнички Факултет – Штип.

Право на учество имаат сите запишани студенти кои ги исполнуваат следните  критериуми:

  • да е редовен студент запишан на прв циклус студии по првпат, во прв или трет семестар во учебната 2019/2020 година;
  • просечната оценка на студентот (до датумот на аплицирање)  да не е помала од 8.0;
  • студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студентот да е државјанин на Република Северна Македонија.

Повеќе информации за конкурсот