Две компании со понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“
Две компании доставија понуди на јавниот тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“.
Како што информира министерот за економија г. Ваљон Сарачини, утринава до 10 часот, кога истекуваше последниот рок, до Министерството за економија понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ доставиле понуди ППС од Грција и ЦВЕ од Кина. До крајот на месецов тендерската комисија треба да ја заврши евалуацијата и да и ја достави на Владата својата одлука дали понудите ги задоволуваат тендерските барања или не, по што Владата ќе одлучи дали ќе даде концесија за изградба на двете хидроцентрали.
Претседателот на тендерската комисија, г-ѓа Јасна Иванова Давидовиќ, директор за развој и инвестиции во АД ЕЛЕМ, посочи дека од првичното отворање на понудите се гледа дека ППЦ понудила 28 отсто од акциите во идните електрани да бидат на ЕЛЕМ, додека ЦВЕ нуди 40,5 отсто. Процентот на акциите кои се нудат на ЕЛЕМ е главниот услов на тендерот. Според г-ѓа Давидовиќ, доколку биде избран концесионерот за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“ главните работи би започнале за 1,5 година до кога ЕЛЕМ е обврзан да ги заврши пристапните патишта и мрежното поврзување на новите електрани.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања г.Владимир Пешевски рече дека е добро што две компании, во момент кога кризата во Европа се продлабочува, се јавиле на тендерот иако, како што кажа, се уште е рано да се оцени дали ќе биде успешен или не.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch