ЕЛЕМ ја декласира екипата на Централен Регистар
ЕЛЕМ – Централен Регистар 13 – 6 (6 – 3 пол.)
Стефановски 2’17’29′, Ковачевиќ 7’9’10’36’38′, Петровски 19′, Тасев 23’26’40′, Ѓурчевски 30′ – Митевски 1’11’33’40′, В. Наумовски 3′, Б. Николовски 35′
Извонредно брз и динамичен натпревар одиграа екипите на ЕЛЕМ и Централен Регистар во кој се играше отворен фудбал и во секоја минута од натпреварот се напаѓаше противничкиот гол. Двете екипи постојано упатуваа удари кон голот, во кој многу поголем ефект имаше екипата на ЕЛЕМ која што во првото полувреме се стекна со предност од 3 погодоци.
Во второто полувреме беа постигнати уште 10 голови на двете страни,а конечниот резултат беше убедливо во корист на ЕЛЕМ . За играч на натпреварот беше прогласен Ковачевиќ од екипата на ЕЛЕМ со 5 постигнати погодоци. Со оваа победа ЕЛЕМ остана во трката за највисок пласман во рамките на Бизнис лигата во мал фудбал.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch