АД ЕЛЕМ ја освои националната награда за општествена одговорност во категоријата Вложување во заедницата
АД Електрани на Македонија ја освои националната награда за општествена одговорност во категоријата „Вложување во заедницата“, највисоко признание што денеска го додели Координативното тело за општествено одговорни практики. Наградата се однесува на донацијата на оперативен микроскоп на универзитетската клиника за уво нос и грло што значително ќе го подобри квалитетот на услугите од оваа реномирана здравствена институција. Компанијата, спроведувајќи ја доследно усвоената Декларација за општествена одговороност, во рамките на своите можности, несебично помага во развојот на општествените дејности како неопходен предуслов за раст и развој на државата, но и за подобрување на квалитетот на живеењето на сите граѓани и унапредување на животната средина. -Секако, во нашата благородна мисија да бидеме дел од унапредувањето на здравството во Република Македонија, неодминливо е и нашето помагање на проекти од оваа дејност. Со донацијата на новиот модерен оперативен микроскоп за уво, нос и грло, вреден 4 милиони денари, придонесовме за подигнување на квалитетот на здравствените услуги од оваа јавна здравстена установа и подобрување на ефикасноста во лекувањето на граѓаните. Оваа престижна награда ќе биде само поттик за нас и во иднина да продолжиме, се разбира во рамките на можностите, да ја помагаме заедницата –изјави Мирче Котевски, портпарол на АД ЕЛЕМ. Покрај првата награда во категоријата Вложување во заедницата, АД ЕЛЕМ доби уште две признанија, односно освои две втори места во уште две категории,„ Заштита на животната средина“, како и во категоријата „Однос со потрошувачи“. ЕЛЕМ освои три награди во конкуренција на 63 проекти од 38 компании, доставени на конкурсот што го распиша Министерството за економија, преку проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во Македонија“, кофинансиран од Европската унија.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch