Техничка поддршка од УСАИД преку изготвување програма за модернизација на АД ЕСМ

Техничка поддршка од УСАИД преку изготвување програма за модернизација на АД ЕСМ
 
Во рамките на билатералната соработка на УСАИД и Р.Северна Македонија, АД ЕСМ доби техничка поддршка од страна на УСАИД во вид на проект за модернизација на работењето на компанијата. Проектот го изработи американската фирма за консултантски и инженерски услуги Tetra Tech. Inc, како Програма за модернизација на АД ЕСМ.
Програмата е изготвена врз основа на сеопфатна анализа на работењето на ЕСМ, и нуди решенија за подобрување на перформансите преку направени подобрувања во различни сегменти, како што се менаџирање на стратегијата за рудниците, менаџирањето на производството од обновливи извори, ИТ секторот, кохезија во управувањето со човечките ресурси, надзор на имплементација на препораките, итн.
Програмата беше презентирана пред членовите на Управниот одбор на АД ЕСМ и ќе биде разгледана, во насока на максимално искористување на пружената техничка поддршка со цел подобрување на работењето на компанијата.