Отворена нова библиотечна поставка
АД „Електрани на Македонија“, спроведувајќи ја усвоената Декларација за општествена одговорност изврши распределба на средства кои се насочени за помош и развој на повеќе активности, за развој на општествените дејности како неопходен предуслов за раст и развој на државата, како и за подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани и унапредување на животната средина.
Во таа насока, АД ЕЛЕМ годинава повторно го помогнa Битолскиот регион со средства во износ од 6.470.000 денари, кои ќе бидат наменети за развој и унапредување на повеќе значајни дејности во општествениот и цивилниот сектор.
Само за развој на култура и уметност во Битолскиот регион годинава издвоени се 1.450.000 денари од кои 250 илјади денари, пред околу два месеци се распределелени на сметка на меѓународната манифестација „Мал Монмартр“-Битола, 600 илјади денари за осветлување на НУ Центар за култура Битола, и 600 илјади денари за нова музејска библиотечна поставка во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола што денеска беше свечено отворена за граѓаните.
– Она што сакам да го истакнам е дека Библиотеката е фундамент на секоја култура , а читањето книги е основа на секое образование. Ако се земе во предвид дека нашиот град е лулка на образованието и културата , потребата од инвестиции во Библиотеката каква што е оваа која денес се реализира со донација на АД ЕЛЕМ, се повеќе од неопходни.Овој музеј има голема историска вредност и е од национално значање. АД ЕЛЕМ ќе продолжи да помага вакви проекти бидејќи општествената одговорност ја третираме како доблест и традиција. До крајот на месецот ќе го објавиме вториот јавен оглас за финансиска поддршка на проекти од областа на културата, спортот и други дејности истакна директорот на РЕК„Битола“ Мирко Ристевски.
На денешната свеченост по повод отворањето на овој музеј во рамките на Библиотеката беше истакнато дека првата библиотека на Балканот била отворена во 1434 година од страна на Османлиските власти и оти во овој град биле отворени првото читалиште и првата целосно автоматизирана библиотека. – Изложени се низа значајни музејски експонати, најстарите книги од 1879 година, периодични публикации и весници од 1927 година, како и две печатарски машини. На едната машина е отпечатен вториот број на весникот „Нова Македонија“ во 1944 година, додека на втората машина биле печатени материјали за АСНОМ, подвлече директорот на оваа национална установа, Науме Ѓоргиевски.
АД ЕЛЕМ, како долгорочен интерес и цел – општествената одговорност ја третира како доблест и традиција и во таа насока и натаму ќе продолжи да го помага општеството, во согласност со своите можности. Грижата за општеството и неговото континуирано унапредување и во иднина ќе продолжи да биде дел од деловната политика на компанијата, во која Битола и Битолскиот регион ќе го имаат заслуженото место.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch