Покровители на Мавровскиот меморијал

Електрани на Македонија во февруари 2017 година беа генерален покровител на најстариот скијачки куп на Балканот, Мавровскиот меморијал, кој се вборјува и во еден од најстарите нордиски купови во Европа и светот. Мавровскиот меморијал се одржува во чест на 38 градители на мавровските електрани и 14 граничари загинати во големата природна катастрофа во 1956 година кога од планината Кораб се струполија снежни лавини врз бараките на градителите на Мавровскиот хидроенергетски систем. Во 1957 година група ентузијасти го организираа првиот куп, кој едноставно беше наречен Мавровски меморијал, за денеска да прерасне во еден од најзначајните континентални купови во нордиско скијање во Европа.

На овогодишниот, 54-от Мавровски меморијал по ред, учествуваа нордијци од Македонија, Србија, Грција, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Турција и Романија.

АД ЕЛЕМ низ годините во континуитет ја поддржува оваа значајна спортска манифестација. Како општествено одговорна компанија, досега многупати сме препознавале  приоритети во давањето поддршка на многу проекти поврзани со развојот на нашата земја. Во своите корпоративни определби да ја помогнеме заедницата, и понатаму остануваме цврст партнер во поддршката на спортот.