ИЗВЕСТУВАЊЕ (дополна на системот за топловодно греење)

Се известуваат сите корисници на топловодното греење кои се приклучени на системот на АД „ЕСМ” Подружница Енергетика – Скопје, односно урбаните заедници Железара, Триангла, Маџари и Хиподром, дека од 25.09.2023 година, ќе се почне со дополна на системот за топловодно греење и истиот ќе биде ставен под притисок.
Ги потсетуваме потрошувачите, куќните совети и управителите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона, да овозможат довод на електрична енергија, да извршат дезинсекција и дератизација на топлинските потстаници и просториите околу нив и да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинските станици.
Ги известуваме и станарите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација.
Согласно законските прописи, зависно од надворешните температури, грејната сезона може да отпочне секој ден по 01.10.2023 година.
За евентуални штети, поради непочитување на ова известување, Подружница Енергетика, нема да сноси никаква одговорност.

Контакт телефон: 3104-816, 3104-872
Исклучиво за интервенции работно време 24h контакт телефон 3104-879 и 071/ 313 405
АД ЕСМ
Подружница “Енергетика”- Скопје