Поради најавен технички зафат од ЈП Водовод и канализација, од 31 мај до 3 јуни можен прекин на електрична енергија во индустрискиот комплекс „Железара“
Поради најавен технички зафат од ЈП Водовод и канализација, од 31 мај до 3 јуни можен прекин на електрична енергија во индустрискиот комплекс „Железара“
РЖ Услуги АД Скопје ја извести АД ЕСМ – Подружница Енергетика за целосен прекин на дистрибуција на хигиенска вода и рециркулација на индустриски води во Индустрискиот комплекс Железара. Овој прекин е клучен бидејќи енергетските трансформатори во Подружница Енергетика, лоцирани во трафостаниците ТС Север 110/6kV и ТС Југ 110/35/6kV, користат водено ладење и нема да можат да функционираат.
Прекинот на водоснабдувањето ќе започне на 31 мај 2025 година во 00:00 часот и се очекува да трае до 3 јуни 2025 година, односно до завршување на планираните активности.
За време на овој период, Подружница „Енергетика“ ќе вложи максимални напори да обезбеди дистрибуција на електрична енергија исклучиво за осветлување и административни работи до сите потрошувачи од овој индустриски комплекс.
Ги замолуваме сите наши корисници навремено да ги информираат своите снабдувачи со електрична енергија за најавениот прекин. Исто така, неопходно е сите корисници да го усогласат својот производствен процес со најавениот прекин. Ова е од клучно значење за да се спречат евентуални штети на постројките, како и директни и индиректни штети поради загуби во производството.
Доколку одредени корисници не се придржуваат до препораките за користење електрична енергија само за осветлување и административни потреби, тие ќе бидат исклучени без претходно предупредување.
Штом „Енергетика“ добие известување од РЖ Услуги дека активностите се завршени, како оператор на дистрибутивниот систем на електрична енергија, веднаш ќе пристапи кон нормализирање на системот за дистрибуција на електрична енергија.
АД ЕСМ, Подружница „Енергетика“