Промена во раководството на Надзорниот одбор на АД ЕСМ: Иван Куковски се повлекува, Александар Мурговски е нов претседател
Досегашниот претседател на Надзорниот одбор, Иван Куковски, се повлекува од функцијата поради идни професионални ангажмани.
АД ЕСМ изразува огромна благодарност до г. Куковски за неговиот досегашен ангажман и исклучителен придонес во работата на компанијата. Неговата посветеност, стручност и лидерство беа од клучно значење не само како претседател на Надзорниот одбор, туку и како потврден професионалец кој изминатите децении остави траен белег во развојот на македонскиот енергетски сектор. Неговата визија и искуство беа инспирација за многумина, а неговиот придонес ќе остане влијателен за идните генерации. Му посакуваме многу успех во новите професионални предизвици и лични потфати.
На чело на Надзорниот одбор стапува досегашниот член, г. Александар Мурговски. АД ЕСМ му посакува успешна и посветена работа и ефикасно менаџирање со Надзорниот одбор во претстојниот период. Веруваме дека неговото богато искуство и длабинско познавање на енергетскиот сектор ќе придонесат за натамошен раст, стабилност и развој на АД ЕСМ, како и за успешно справување со идните предизвици во енергетскиот сектор.