РЕК Осломеј е ставен во функција

Од утринските часови РЕК Осломеј повторно испорачува електрична енергија кон електроенергетскиот систем на државата. Термоелектраната е синхронизирана на мрежата и произведува електрична енергија согласно потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Со враќањето во функција на производниот капацитет во РЕК Осломеј, се зголемува стабилноста и сигурноста на домашното снабдување со електрична енергија.