Испораката на топлинска енергија од АД ЕСМ „Енергетика“ се одвива без проблеми

Испораката на топлинска енергија за потрошувачите приклучени во мрежата на АД ЕСМ, Подружница „Енергетика“ се одвива без проблеми. Иако, официјалниот почеток на грејната сезона е 15 октомври, согласно постојните прописи, испораката на топлинска енергија започна 13 дена порано, затоа што средната надворешна температура за деновите 2 и 3 октомври е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.
До моментов, во 1 (една) станбена единица не се создадени услови за испорака на топлинска енергија:
– Карл Либкнехт 4 (исклучена електрична енергија на потстаница поради неплатени сметки кон ЕВН)
ЕСМ Енергетика во пресрет на новата грејна сезона, минатиот месец, преку писмени известувања истакнати на влезовите на станбените единици на сите потрошувачи, апелираше тие навремено да ги преземат сите потребни активности што се нивна обврска со цел да обезбедат предуслови за приклучување во системот за греење.
За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3104 816 и 02 3104 872.