Информација за јавност
АД ЕСМ ја известува јавноста дека во периодот од 22 до 28 ноември, ќе биде спроведено планско исклучување на ТЕ Битола 1. Оваа активност е неопходна за извршување на техничка интервенција која е од суштинско значење за долгорочна сигурност и ефикасност на постројката за време на зимските месеци.
И покрај привремениот застој на ТЕ Битола 1, АД ЕСМ ќе ги обезбеди номинираните количини електрична енергија кон Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Во наведениот период потребите од електрична енергија ќе бидат покриени преку ангажирање на сите расположливи производствени ресурси -ТЕ Битола 2, КОГЕЛ, хидроенергетските капацитети и Ветерниот парк Богданци, а дел од количините ќе бидат надополнети со набавка која беше спроведена во изминатиот период.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch