РЕК Битола

СТРУКТУРА

Име и презиме Функција
Златко Ќурчиевски Директор
Драги Крстев Помошник директор на Сектор за правни, кадровски и општи работи
Васко Дули Помошник директор на Сектор за комерцијални работи
Борче Чавдаровски Директор на ПЕ Термоелектрана
Страшо Маневски Технички директор на ПЕ Рудници
Драги Чалдаров Технички раководител на Рудник Суводол
Методија Куновски Односи со јавност
Владимир Талевски Раководител на Рудник Брод – Гнеотино
Јасмина Димитровска Помошник директор на Сектор за економско-финансиски работи
Кире Видимче Помошник директор на Сектор за инвестиции, развој и проектирање
Игор Мицевски Раководител на Служба за контрола на квалитет
Кире Климевски Раководител на Служба за техничка сигурност
РЕК БИТОЛА 047 206 211

 

Комбинатот чија основна дејност е производство на електрична енергија и јаглен е најголем во системот на македонското електростопанство и е составен од две производствени единици: ПЕ Рудници („Суводол” и „Брод Гнеотино“) и ПЕ Термоелектрана.

Производството во комбинатот е започнато во 1980 година, со ископ на јаловина од првиот БТО систем (багер, трака, одлагач), а првите киловат – часови електрична енергија се добиени во 1982 година кога во работа е пуштен првиот од трите блока на електраната. РЕК “Битола” овозможува над 72 отсто учество во вкупното производство на електрична енергија во домашниот електроенергетски систем.

Со отворање на рудникот за јаглен „Брод Гнeoтино“ во 2009 година се проценува дека работниот век на оваа електрана ќе биде продолжен за најмалку 15 години.