Луково Поле

Со проектот „Луково поле – проект за обновлива енергија“ (ЛППОЕ) Корапските води би се довеле во акумулација „Луково Поле“. Овие води предизвикуваат преливања над изградените зафати од системот Горна Радикa со временски интервал во траење од еден месец. Тоа е посебно изразено на зафатот Црн Камен кој истовремено служи за регулација на протокот во доводниот канал кон Мавровското Езеро, па и преливањата преку овој зафат се најголеми и најдолготрајни. Основното техничко решение за зафаќање и префрлање вода од Јадранскиот во Егејскиот слив е изградба на брана “Луково Поле” и акумулација во која со доводен канал ќе се доведуваат преливните води до постоечкиот канал Горна Радика. Со регулирањето на овие преливни води, истовремено се избегнуваат поплави и се добива дополнително производство.

Главната цел на проектот е намалување на зависноста од увоз на електрична енергија, а зголемување на производството на од обновливи извори.

Со изградбата на овој систем АД ЕСМ годишно ќе произведува и ќе пласира на конзумот дополнителни 106.80 GWh електрична енергија преку веќе изградените три хидроелектрани и новата ХЕ Црн Камен.

Овој проект ќе има позитивни влијанија врз животната средина; заради употребата на обновлив извор на енергија ќе се намали емисијата на стакленичките гасови, ќе се зголеми флексибилноста на постоечкиот хидроенергетски систем Вруток-Равен-Врбен против влијанието на климатските промени и ќе се постигне постабилен биолошки минимум на реката Вардар, како и во развојот на туризмот

Овој проект ќе го зајакне инвестицискиот циклус во Република Северна Македонија.

Луково поле