Енергија од ветер

Во февруари 2014 година заврши изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“, прв ваков објект во Република Северна Македонија, што го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија. Подигнувањето и монтажата на ветерниците на локацијата Ранавец заврши на 20 февруари со што и официјално е заокружена најтешката фаза од изградбата која траеше 76 дена. Кон крајот на март 2014 година беше спроведена координирана операција на трите енергетски компании ЕЛЕМ (сега ЕСМ), МЕПСО И ЕВН за приклучување на ветерниот парк на електропреносната мрежа преку трафостаницата во Валандово. 

Турбините се производство на Сименс – Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 MW, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. ПВЕ „Богданци“ испорачуваат околу 100 GWh природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на преку 60.000 граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, инсталираната моќност е зголемена за 36,8 MW. Со овој проект се зголеми учеството на обновливите извори во портфолиото на АД ЕСМ и претставува уште еден показател за грижата на компанијата кон животната средина.

Нареден чекор е проектот за паркот на ветерни електрани „Богданци“ – втора фаза со кој ќе се постават од 4 до 6 ветерни турбини (тип SWT 2,3-93), секоја со номинална моќност од 3 до 4 MW, што ќе резултира со вкупна инсталирана моќност од 13,8 MW и номинално годишно производство на електрична енергија од 37 GWh. Покрај тоа, паркот вклучува и изградба на пристапни патишта и 20 kV кабловска мрежа.

 ПВЕ Богданци 2

Статус ПВЕ Богданци втора фаза

Брошура за јавна поплака

Public Grievance Leaflet


 Формулар за поплаки на проектот
Project grievance form