Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Димитар Ташковски и генералниот директор на АД Електрани на Македонија(АД ЕЛЕМ), професор д-р Драган Миновски, денеска, им посакаа срдечно добредојде во големото семејство инженери на новите студенти – бруцоши во учебната 2018/2019 година. За деканот на ФЕИТ, професор Ташковски, овој ден претставува почеток на ново поглавје во животот на студентите во кое ќе стекнат знаење и вештини […]
Денес, околу 15:20 часот дојде до “куса врска” (т.н. краток спој) во една од ќелиите за висок напон на Блок 2 на РЕК Битола. Како последица на оштетувањето на осигурачите на командниот напон, Блок 2 на РЕК Битола испадна од мражата на електроенегетскиот систем. Санацијата на оштетените делови е во тек и Блок 2 на РЕК Битола ќе биде повторно ставен во функција уште во […]
АД „Електрани на Македонија“ во петокот на аукција продаде 99.400 мегават часови вишоци електрична енергија по просечна цена од 66,01 евро по мегават час во вкупна вредност од 6.561.055 евра. – АД ЕЛЕМ продаде електрична енергија за четвртиот квартал од годинава, поточно за октомври, ноември и декември и тоа 88.360 мегават часови базна енергија за периодот октомври, ноември и декември, и 11.040 мегават часовиврвна енергија во […]
РЕК Битола ја информира јавноста дека во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 1. Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот. РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 2. АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, […]
АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ја известува јавноста дека Блок 2 на Термоелектраната “Битола” денес повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт. Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од месец и пол. По редовниот ремонт на Блок 2 на Термоелектраната Битола, следуваат ремонтни активности на Блок 3 кои ќе […]
Денес, во просториите на АД ЕЛЕМ, подружница РЕК Битола, директорот Васко Ковачевски потпиша Меморандуми за соработка со општините Битола, Новаци и Могила. Соработката која и досега постоеше помеѓу Комбинатот и трите општини, со Меморандумите е правно – формално регулирана со цел да обезбеди рамка за искористување на капацитетите што ги имаат страните потписнички на документот, во рамките на можностите и надлежностите. “АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК […]
АД Електрани на Македонија го одбележува Денот на рударите, 28 август, со редица настани. Денеска се одржа централната прослава на која се обратија вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски и директорот на ПЕ Рудници при РЕК Битола, Душан Вукадиновиќ. На настанот беа доделени пофалници и награди за 50 вработени во комбинатот за […]
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) разгледува можност за обезбедување заем на АД Електрани на Македонија, за финансирање на изградбата на фотонапонска електрана од 10 мегавати во близина на постојната ТЕЦ Осломеј. Електраната ќе биде изградена врз исцрпениот рудник за јаглен во ТЕЦ Осломеј, а произведената електрична енергија ќе биде директно продадена во блиската мрежа. Проектот е дел од стратегијата на АД ЕЛЕМ за замена на производството од јаглен со зголемено производство […]
Денес во Фоајето на битолскиот Центар за култура, а во организација на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола и редакцијата на „Битолски весник“ беше отворена изложба на тема „Од камен темелник до ТЕ Битола-3“ со што беше одбележан јубилејот – 30 години од денот на пуштањето во употреба на Блок-3 на комбинатот. Изложбата ја сочинуваат 108 страници на “Битолски весник” на кои во периодот од 1976 […]