3. Јавен повик 01-01-2022
3. Јавен повик 01-01-2022
Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски и директорот за развој и инвестиции, Благој Гајдарџиски се сретнаа со делегација на Француската агенција за развој (AFD). AFD е јавна финансиска институција одговорна за спроведување на развојната и меѓународната солидарна политика на француската влада. Во Западен Балкан, AFD има задача да го поддржи спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан и преминувањето кон европските стандарди […]
Потребите за електрична енергија во Република Северна Македонија постојано растат, со што производството во термо и хидро електраните постојано се зголемува. Развојната стратегија на АД ЕСМ му дава приоритет на проширувањето на производ-ствените капацитети од обновлива енергија, особено на производството на електрична енергија од ветер и од вода. Развојните планови на АД „Електрани на Северна Македонија“ се насочени кон имплементација на најдобрите практики и стратегии […]
По донесување Одлука од страна на Владата на Р. Северна Македонија и одобрување на текстот на договорите, АД ЕСМ од 22 јануари 2022г. влезе во привремено управување на Друштвото за производство на топлинска енергија Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје и на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода АД Скопје Север во стечај. АД ЕСМ потпиша три договори за деловно-техничка соработка со трите правни субјекти […]
АД ЕСМ ги поздравува мерките кои ги преземаат Владата на Р. Северна Македонија и РКЕ за надминување на кризата со снабдување со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија. АД ЕСМ континуирано искажува подготвеност и соработка со институциите и во изминатиот период е ставен на располагање за свој дополнителен ангажман и вклученост во процесите за надминување на кризните состојби. Согласно Уредбата […]
АД ЕСМ, подружица ,,Енергетика”, врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика. Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила. Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на ,,Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот […]
АД ЕСМ го поздравува фактот што РКЕ одлучи покачувањето на цената на електричната енергија да биде во минимални рамки и едноцифрено. АД ЕСМ претходно се согласи да ја продава електричната енергија кон ЕВН Хоме за потребите на граѓаните по компромисна цена од 41 евро за мегават час, со цел да не предизвика значајно покачување во својот дел на учеството во крајната цена на стујата. […]
СЕКОГАШ ВНИМАВАМЕ ДА ПРЕДЛОЖИМЕ ЦЕНА НА СТРУЈАТА КОЈА НЕМА ДА ПРЕДИЗВИКА ОПШТЕСТВЕН ШОК, А ДА СЕ ЗАДРЖИ СТАБИЛНОСТА НА КОМПАНИЈАТА На сред енергетска криза и во очи на одредувањето на покачената цена на струјата за граѓаните, НоваТВ направи интервју со првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Во поглед на можноста за правење компромиси во поглед на цената на електричната енергија Ковачевски вели: – Што […]
Управниот одбор на АД ЕСМ и Управниот одбор на АД ТЕЦ Неготино извршија увид во работењето на ТЕЦ Неготино. Термоелектраната непрекинато произведува електрична енергија од 18 декември, и работи со половина капацитет, односно со еден котел со цел прилагодување и стабилизирање на системот по повеќегодишната пауза. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во јануари ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ […]