АД ЕЛЕМ потпиша Договори за ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“

АД ЕЛЕМ потпиша Договори за ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“

АД ЕЛЕМ во рамките на проектот „Ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза“, потпиша договори за ревитализација и модернизација на мавровските електрани Вруток и Равен, со две компании со меѓународно реноме, избрани на транспарентен меѓународен тендер. Австриската компанија АНДРИЦ Хидро ќе работи на замена и зголемување на моќноста на четирите генератори во ХЕ Вруток, потоа  на замена на високонапонските кабли, како и на замена на системите за […]

ПОВЕЌЕ

ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ ПОДДРЖАНО ОД АД ЕЛЕМ

ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ ПОДДРЖАНО ОД АД ЕЛЕМ

Здружението на новинари на Македонија, на својот 66-ти роденден, се заблагодари на АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија што го обезбеди фондот за доделените награди. Проектот „Зајакнување на довербата меѓу членовите на Здружението на новинарите на Македонија“ е поддржан од АД ЕЛЕМ, во рамките на јавниот повик за доделување средства за општествена одговорност за 2011 година. ЕЛЕМ спроведувајќи ја доследно усвоената Декларација за општествена одговорност, […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ НА СТОПАНСКАTA КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

АД ЕЛЕМ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ НА СТОПАНСКАTA КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

АД „Електрани на Македонија“ е добитник  на Наградата на Стопанската комора на Македонија во категоријата компании што успешно работат од основањето на Комората до денес. Со свеченост во скопскиот хотел „Александар Палас“, со присуство на над 1.200 видни гости, Стопанската комора на Македонија го прослави големиот јубилеј –  девет децении од нејзиното постоење. На свечениот чин, покрај членките на  најголемата бизнис-заедница во земјава, присуствуваа претставници […]

ПОВЕЌЕ

Соопштение за јавност

Соопштение за јавност

Во врска со објавениот Јавен Повик бр.01-20/2012 за набавка на електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи, во јавна и транспарентна процедура  АД ЕЛЕМ донесе одлука за набавка на потребните количини на електрична енергија за периодот од 16  до 29 февруари, 2012 година. Набавката ќе се изврши од четири избрани компании , a вкупната количина која  континуирано се набавува за 24 часа  е со моќност […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ потпиша договор со грчкиот конзорциум „Терна – Сименс“ за реализација на проектот „Парк на ветерни електрани Богданци“

АД ЕЛЕМ потпиша договор со грчкиот конзорциум „Терна – Сименс“ за реализација на проектот „Парк на ветерни електрани Богданци“

АД „Електрани  на Македонија“ потпиша Договор со конзорциумот „Терна – Сименс“ од Грција, за реализација на лот 2 од меѓународниот тендер за изградба на паркот на ветерни електрани (ПВЕ) „Богданци“. Предмет на договорот е изградба на пристапен пат, поставување на трафостаница и на далекувод што ќе го поврзуваaт паркот на ветерни електрани со преносниот систем на Република Македонија. Предвидено е активностите да започнат со изработка […]

ПОВЕЌЕ

Д-р Влатко Чингоски: Минатата година солидна за АД ЕЛЕМ во повеќето сегменти од работењето

Д-р Влатко Чингоски: Минатата година солидна за АД ЕЛЕМ во повеќето сегменти од работењето

Изминатата 2011 година беше солидна во повеќето сегменти од работењето на АД „Електрани на Македонија“, оцени генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски на денешната прес-конференција на која информираше за остварените резултати и реализирани инвестициски активности на компанијата во минатата година, како и за плановите за годинава. – Минатата година, АД ЕЛЕМ инвестира над 57 милиони евра во нови енергетски проекти, модернизација и ревитализација […]

ПОВЕЌЕ

Информација за јавност

Информација за јавност

Поради дефект на 400 киловолтен прекинувач во трафостаницата „Битола 2“ на АД МЕПСО, реагираше заштитата на термоблоковите во ТЕ Битола, при што трите агрегати  беа исклучени од електроенергетскиот систем  на Република Македонија. Во тек е процедура на вклучување на термоблоковите во електроенергетскиот систем  и целосно нормализирање на состојбата со производство на електрична енергија . Недостатокот на електрична енергија се надополнува со производство од  хидрокапацитетите.

ПОВЕЌЕ

Промовирана фотомонографијата „Манастирот Свети Наум Охридски“ поддржана од АД ЕЛЕМ

Промовирана фотомонографијата „Манастирот Свети Наум Охридски“ поддржана од АД ЕЛЕМ

Охрид денеска го чествуваше споменот на свети Наум Охридски, чудотворец, кој, заедно со свети Климент Охридски се најславните ученици на првоучителите и светители Кирил и Методиј. И двајцата се основоположници на Охридската книжевна школа. По повод празникот, во истоимениот манастир на брегот на Охридското Езеро беше отслужена архијерејска златоустова литургија, со која чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј. На истиот простор се одржа промоција на фотомонографијата „Манастирот […]

ПОВЕЌЕ

Почна скијачката сезона на Попова Шапка

Почна скијачката сезона на Попова Шапка

На Попова Шапка денеска официјално почна скијачката сезона. – Сите посетители во овој зимски туристички центар денеска бесплатно може да ги користат ски-лифтовите и жичарниците кои се целосно подготвени заедно со патеките на кои има над 30 сантиметри снег, соопшти Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка – ЕЛЕМ. Според соопштението, сите капацитети освен ски-лифтот на актрактивната Церипашина не е пуштен денеска со цел и […]

ПОВЕЌЕ

Две компании со понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“

Две компании со понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“

Две компании доставија понуди на јавниот тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Како што информира министерот за економија г. Ваљон Сарачини, утринава до 10 часот, кога истекуваше последниот рок, до Министерството за економија понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ доставиле понуди ППС од Грција и ЦВЕ од Кина. До крајот на месецов тендерската комисија треба да ја заврши евалуацијата и да […]

ПОВЕЌЕ