Стипендии од ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН за студенти на ФЕИТ

Стипендии од ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН за студенти на ФЕИТ

Дванаесет студенти од прва година на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе имаат 10 месеци стипендија по 100 евра, обезбедена од АД Електрани на Македонија,АД МЕПСО или ЕВН Македонија АД.Претставниците на енергетските компании денеска врачија по четири стипендии за најдобрите студенти од ФЕИТ кои ќе бидат стипендирани и до крајот на студиите доколку ја задржат минималната просечна оценка од 7.5. […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ ги препозна потенцијалите на младите научници Никола и Бранка и им помогна да бидат дел од олимпијада во Њујорк

АД ЕЛЕМ ги препозна потенцијалите на младите научници Никола и Бранка и им помогна да бидат дел од олимпијада во Њујорк

Охридските средношколци Никола Таштаноски и Бранка Бунташеска заминаа на интернационалната средношколска олимпијада ГЕНИУС 2012 која од 24-ти до 29 јуни се одржува во Њујорк, САД за да го презенираат својот проект за заштита на животната средина и користење на обновливи извори на енергија. Талентот на овие млади научници  го препозна АД Електрани на Македонија, која го финансираше авионскиот превоз до Њујорк со што  им помогна […]

ПОВЕЌЕ

Впечатлив настап на АД ЕЛЕМ на Power Gen Europe во Келн

Впечатлив настап на АД ЕЛЕМ на Power Gen Europe во Келн

АД „Електрани на Македонија“ по вторпат во континуитет се појавува на „Power Gen Europe“, најзначајниот саем за енергетика во Европа на кој се претставуваат компании кои се занимаваат со производство на енергија, но и компании кои произведуваат опрема за енергетски капацитети. Сметам дека овој континуитет добро и дојде на компанијата, оцени генералниот директор на ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски. – Веќе  сме препознатливи и имаме многу […]

ПОВЕЌЕ

АД „ЕЛЕМ“ учествува на „Power-Gen Europe 2012“ во Келн

АД „ЕЛЕМ“ учествува на „Power-Gen Europe 2012“ во Келн

Енергетските компании од светот меѓу кои и АД „Електрани на Македонија“ своите достигнувања во изминатата година ќе можат да ги презентираат на саемот „Power-Gen Europe 2012“ што ќе биде отворен денеска во Келн, Германија. Ова ќе биде второ претставување на АД ЕЛЕМ во рамките на најголемата саемска манифестација во светот од областа на енергетиката. Прв пат можностите на македонската компанија за производство на електрична енергија […]

ПОВЕЌЕ

Пултови со прирачници за ревматолошки и мускуло-скелетни заболувања ќе се инсталираат во здравствени и други институции со поддршка од АД ЕЛЕМ

Пултови со прирачници за ревматолошки и мускуло-скелетни заболувања ќе се инсталираат во здравствени и други институции со поддршка од АД ЕЛЕМ

Едукативни и информативни пултови на кои ќе има прирачници (водичи) за 10 најчести ревматолошки и мускуло-скелетни заболувања ќе бидат инсталирани во здравствени и други институции ширум државата во рамки на тековниот проект „Со едукација до здравје“, кој денеска на прес-конференција го претстави невладината организација за ревматизам и артрит „НОРА“. Во секој прирачник, информираа од „НОРА“, на 12 страни се опфатени корисни теми со совети, поддршка, […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ ќе стипендира пет студенти

АД ЕЛЕМ ќе стипендира пет студенти

АД ЕЛЕМ во соработка со ЕВН Македонија и АД МЕПСО ќе стипендираат 14 студенти запишани на првиот циклус студии во учебната 2011/2012 на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје. Со овoj потег кој се очекува да биде востановена пракика и во иднина, трите компании заеднички ќе дадат свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа […]

ПОВЕЌЕ

Од хуманитарната аукција на слики од „Мал битолски Монмартр“ во организација на АД ЕЛЕМ собрани 566.000 денари

Од хуманитарната аукција на слики од „Мал битолски Монмартр“ во организација на АД ЕЛЕМ собрани 566.000 денари

На  одржаната хуманитарна аукција на дела од ликовната манифестација „Мал битолски Монмартр“ во организација на АД ЕЛЕМ  беа продадени сите понудени  44  уметнички дела со мотиви од Македонија, насликани од млади сликари од преку 20 земји.  Љубители на уметноста станаа сопственици на уникатни уметнички дела од млади ликовни амбасадори кои во изминатите три децении биле дел од најстарата ликовна колонија за деца на Балканот. Генералниот […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ потпиша Договори за ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“

АД ЕЛЕМ потпиша Договори за ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“

АД ЕЛЕМ во рамките на проектот „Ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза“, потпиша договори за ревитализација и модернизација на мавровските електрани Вруток и Равен, со две компании со меѓународно реноме, избрани на транспарентен меѓународен тендер. Австриската компанија АНДРИЦ Хидро ќе работи на замена и зголемување на моќноста на четирите генератори во ХЕ Вруток, потоа  на замена на високонапонските кабли, како и на замена на системите за […]

ПОВЕЌЕ

ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ ПОДДРЖАНО ОД АД ЕЛЕМ

ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ ПОДДРЖАНО ОД АД ЕЛЕМ

Здружението на новинари на Македонија, на својот 66-ти роденден, се заблагодари на АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија што го обезбеди фондот за доделените награди. Проектот „Зајакнување на довербата меѓу членовите на Здружението на новинарите на Македонија“ е поддржан од АД ЕЛЕМ, во рамките на јавниот повик за доделување средства за општествена одговорност за 2011 година. ЕЛЕМ спроведувајќи ја доследно усвоената Декларација за општествена одговорност, […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ НА СТОПАНСКАTA КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

АД ЕЛЕМ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ НА СТОПАНСКАTA КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

АД „Електрани на Македонија“ е добитник  на Наградата на Стопанската комора на Македонија во категоријата компании што успешно работат од основањето на Комората до денес. Со свеченост во скопскиот хотел „Александар Палас“, со присуство на над 1.200 видни гости, Стопанската комора на Македонија го прослави големиот јубилеј –  девет децении од нејзиното постоење. На свечениот чин, покрај членките на  најголемата бизнис-заедница во земјава, присуствуваа претставници […]

ПОВЕЌЕ