Вработените во АД ЕСМ, Подружница ХЕС Маврово деновиве почнаа акција за партерно уредување на просторот околу споменикот на градителите на мавровските хидроелектрани, лоциран на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Активностите предвидуваат целосно уредување и чистење околу споменикот од висока трева и ситен отпад, обнова на клупите, замена на дотраените плочки и хортикултурно уредување околу платото на споменикот. ЗА АД ЕСМ како општествено одговорна компанија, […]