Информација за јавност

Информација за јавност

Поради дефект на 400 киловолтен прекинувач во трафостаницата „Битола 2“ на АД МЕПСО, реагираше заштитата на термоблоковите во ТЕ Битола, при што трите агрегати  беа исклучени од електроенергетскиот систем  на Република Македонија. Во тек е процедура на вклучување на термоблоковите во електроенергетскиот систем  и целосно нормализирање на состојбата со производство на електрична енергија . Недостатокот на електрична енергија се надополнува со производство од  хидрокапацитетите.

ПОВЕЌЕ

Промовирана фотомонографијата „Манастирот Свети Наум Охридски“ поддржана од АД ЕЛЕМ

Промовирана фотомонографијата „Манастирот Свети Наум Охридски“ поддржана од АД ЕЛЕМ

Охрид денеска го чествуваше споменот на свети Наум Охридски, чудотворец, кој, заедно со свети Климент Охридски се најславните ученици на првоучителите и светители Кирил и Методиј. И двајцата се основоположници на Охридската книжевна школа. По повод празникот, во истоимениот манастир на брегот на Охридското Езеро беше отслужена архијерејска златоустова литургија, со која чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј. На истиот простор се одржа промоција на фотомонографијата „Манастирот […]

ПОВЕЌЕ

Почна скијачката сезона на Попова Шапка

Почна скијачката сезона на Попова Шапка

На Попова Шапка денеска официјално почна скијачката сезона. – Сите посетители во овој зимски туристички центар денеска бесплатно може да ги користат ски-лифтовите и жичарниците кои се целосно подготвени заедно со патеките на кои има над 30 сантиметри снег, соопшти Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка – ЕЛЕМ. Според соопштението, сите капацитети освен ски-лифтот на актрактивната Церипашина не е пуштен денеска со цел и […]

ПОВЕЌЕ

Две компании со понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“

Две компании со понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“

Две компании доставија понуди на јавниот тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Како што информира министерот за економија г. Ваљон Сарачини, утринава до 10 часот, кога истекуваше последниот рок, до Министерството за економија понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ доставиле понуди ППС од Грција и ЦВЕ од Кина. До крајот на месецов тендерската комисија треба да ја заврши евалуацијата и да […]

ПОВЕЌЕ

Енергетското дерби за ЕЛЕМ

Енергетското дерби за ЕЛЕМ

МЕПСО   ЕЛЕМ  2-3              Саовски 17′, Андоновски 39′ – Петровски 13’31’33′ Вистинско дерби одиграа екипите на МЕПСО и ЕЛЕМ. Оваа „енергетска“ пресметка во рамките на Бизнис лигата во мал фудбал го одбележа цврста игра со многу жестоки дуели. Двете екипи влегоа во натпреварот со огромен мотив за триумф и надигрување. По почетното испитување на силите. прва во водство дојде […]

ПОВЕЌЕ

ЕЛЕМ ја декласира екипата на Централен Регистар

ЕЛЕМ ја декласира екипата на Централен Регистар

ЕЛЕМ – Централен Регистар 13 – 6 (6 – 3 пол.) Стефановски 2’17’29′, Ковачевиќ 7’9’10’36’38′, Петровски 19′, Тасев 23’26’40′, Ѓурчевски 30′ –   Митевски 1’11’33’40′, В. Наумовски 3′, Б. Николовски 35′ Извонредно брз и динамичен натпревар одиграа екипите на ЕЛЕМ и Централен Регистар во кој се играше отворен фудбал и во секоја минута од натпреварот се напаѓаше противничкиот гол. Двете екипи постојано упатуваа удари кон голот, […]

ПОВЕЌЕ

Патрониот празник на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“во Битола одбележан со донација од АД ЕЛЕМ

Патрониот празник на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“во Битола одбележан со донација од АД ЕЛЕМ

Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола синоќа и денеска со повеќе пригодни свечености го одбележува патрониот празник на библиотеката.  Најголем дел од манифестациите што се одржаа синоќа  почнаа со свечено пуштање во употреба на осветлувањето на Библиотеката и ЛЕД-монитор, донација од АД Електрани на Македонија.  Со таа донација продолжи континуираната поддршка на ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија кон оваа значајна установа. По тој повод,  Библиотеката им додели […]

ПОВЕЌЕ

Со нови инвестиции ќе го докапитализираме ЕЛЕМ

Со нови инвестиции ќе го докапитализираме ЕЛЕМ

Интервју за дневниот весник „Капитал” Ако се суди според најавените енергетски приоритети на Електрани на Македонија, следните три години се клучни за изградба на хидроцентролите Бошков Мост, Луково поле и на Ветерниот парк во Богданци. Директорот но ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, најавува дека преку нови инвестиции ќе ја зголемат капиталната вредност но компанијата до 2013 година, до кого треба до се докапитализира ЕЛЕМ до 49%. За […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ потпиша договор за заем со ЕБОР за реализација на проектот ХЕ „Бошков мост“

АД ЕЛЕМ потпиша договор за заем со ЕБОР за реализација на проектот ХЕ „Бошков мост“

Во вториот квартал од наредната година се очекува да почнат градежните работи на хидроелектраната „Бошков мост“, лоцирана во непосредна близина на Дебар на магистралниот пат Скопје-Дебар-Струга. До тогаш треба да завршат постапките за избор на изведувач и за доставувач на опремата. Тоа е овозможено со денешното потпишување на Договорот за заем меѓу АД ЕЛЕМ и Европската банка на обнова и развој (ЕБОР) и на Договорот […]

ПОВЕЌЕ

Екипата на ЕЛЕМ ја декласира екипата на Систина во рамките на Бизнис лигата

Екипата на ЕЛЕМ ја декласира екипата на Систина во рамките на Бизнис лигата

Екипата на ЕЛЕМ фуриозно го почна својот настап во  рамките на новата сезона од Бизнис лигата во мал фудбал. Синоќа во возбудлив натпревар беше убедлива против екипата на Систина со 8:1. Нашите избраници  со рано водство го отворија натпреварот. Иако екипата на Систина брзо се консолидираше, немаше решение против одлично поставената тактика и честата ротација на играчи на екипата на ЕЛЕМ кои беа пресудни фактори  […]

ПОВЕЌЕ